Достапни линкови

Уште една сиријска граната паднала во Турција


Денеска уште една граната истрелана од Сирија паднала на турска територија, по што веднаш било возвратено од турската армија, јави државната новинска агенција Анадолија. Веќе четири дена по ред на територијата на Турција паѓаат гранати од Сирија каде што се водат жестоки борби меѓу бунтовниците и силите лојални на претседателот Башал ал Асад. Во инцидентот пред неколку денови загинаа петмина цивили. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера повтори дека неговата земја не сака војна со Сирија, но оти нема да се двоуми да одговори на секој акт што е закана за националната безбедност.
XS
SM
MD
LG