Достапни линкови

Црковно народен собор по повод 45 години од возобновувањето на МПЦ


Македонската православна црква денеска и утре во Калишта ќе одржи редовен годишен Архиепископски Црковно-народен собор кој ќе биде посветен на одбележувањето на 45 годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.
Во почетокот на Соборот свое излагање ќе има поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Вечер во „Света Софија“ ќе биде приредена и Свечена академија посветена на јубилејот на која ќе се обрати претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG