Достапни линкови

Турција возврати на новиот напад од Сирија


Турската војска синоќа возвратила на најновото гранатирање на југоистокот на Турција од територијата на Сирија. Гранатата, како што јавуваат турските медиуми, погодила едно пограничено место во Турција, но притоа немало жртви. Во претходниот сличен инцидент пред неколку денови загинаа петмина цивили на што Анкара одговори со артилериски оган. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера повтори дека неговата земја не сака војна со Сирија, но оти нема да се двоуми да одговори на секој акт кој и се заканува на нациооналната безбедност.
XS
SM
MD
LG