Достапни линкови

Британија го екстрадира имамот Абу Хамза ал Масри


Абу Хамза ал Масри

Абу Хамза ал Масри

Британија го екстрадира радикалниот исламски свештеник Абу Хамза ал Масри во Соединетите држави каде што треба да се соочи со обвинување за тероризам. Британската полиција го спроведе Абу Хамза од строго чуваниот затвор во Англија до една американска воздухопловна база од каде што бил испратен за Соединетите држави. Со него биле уште четворица луѓе за кои се сомнева дека му биле соработници. Со тоа заврши неколкугодишната правна битка околу екстрадицијата на Абу Хамза за кој Вашингтон тврди дека се обидел да отвори тренинг камп за Ал Каеда во Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG