Достапни линкови

Русија ја повика Турција на воздржаност во однос на Сирија


Москва ја повика Анкара да се откаже од дејствија што можат да доведат до заострување на ситуацијата на границата со Сирија, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи, пренесуваат руските медиуми.
Повод за овој апел е вчерашната одлука на турскиот парламент да и даде на владата мандат, со рок од една година, за спроведување прекугранични воени операции.
Се надеваме дека турската страна ќе покаже воздржаност и нема да презема какви и да било чекори, што можат да доведат до поголемо усложнување на ситуацијата во регионот, се наведува во соопштението на руското министерство.

Руското министерство нагласува дека Русија останува цврсто на позицијата за неопходност од „мирно решавање на кризата во Сирија од самите Сиријци“, како што е посочено во резолуциите на Советот за безбедност на ОН и во Женевските спогодби.
XS
SM
MD
LG