Достапни линкови

Седница за интерпелација - Обвинувања за лажен патриотизам


Опозицијата жестоко ја нападна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. За власта, СДСМ е подготвен на сè за да дојде на власт.

Политиката на оваа влада е театарска лакрдија, политичката криза е смислена игра на владејачките партнери кои на грбот на граѓаните се обидуваат да ја задржат власта, обвини опозицијата на денешната собраниска расправа за интерпелација на Владата.
Денес само ќе докажеме колку сте лажни патриоти и дека цената на вашето мерење мускули со ДУИ ја плаќаат граѓаните и ја плаќаат институциите на оваа држава.
Наташа Савова, СДСМ.

„Пред некој ден, еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ми вели зошто ќе расправаме во петок, никој не гледал парламент во петок. Типично размислување на владеењето на Груевски, битна е формата, а не суштината, битно е сликањето“, рече пратеникот Јани Макрадули од СДСМ.

„Денес само ќе докажеме колку сте лажни патриоти и дека цената на вашето мерење мускули со ДУИ ја плаќаат граѓаните и ја плаќаат институциите на оваа држава“, рече Наташа Савова од СДСМ.
Не можете да гледате во Република Македонија мирно да се живее, да има мирен соживот, да има градење доверба, бидејќи вие не можете да виреете во таква атмосфера.
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето за интерпелација од ВМРО-ДПМНЕ го оценија како блеф на опозицијата со цел, како што рекоа, да се внесе хаос во државата и да се предизвикаат меѓуетнички тензии.

„Не можете да гледате во Република Македонија мирно да се живее, да има мирен соживот, да има градење доверба, бидејќи вие не можете да виреете во таква атмосфера“, рече Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

Од собраниската говорница, Илија Димовски тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ не посакува предвремени избори, оти има проекти на кои треба да работи.
Премисите на ултранационалистичката и антиалбанска политика се дел и премиси на ВМРО-ДПМНЕ. Суштината на овие политики беа да се создаде македонска држава како сопственост само на Македонците.
Изет Зеќири, НДП.

„Да беше тендерска коалиција немаше да имаме проблем, како да ви објаснам. Ќе си се договаравме, ќе си седневме јас и Талат таму, ќе си се договоревме и ќе завршевме работа, имаме мнозинство.“

Како политичка партија никогаш не сме кокетирале со национализам, рече Тито Петковски од НСДП, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ владее само со омраза, конфликти и непријателство.

За Изет Зеќири од Националната демократска преродба, политиката на оваа Влада не е политика која гради соработка и создава пријатна атмосфера за граѓаните.

„Премисите на ултранационалистичката и антиалбанска политика се дел и премиси на ВМРО-ДПМНЕ. Суштината на овие политики беа да се создаде македонска држава како сопственост само на Македонците.“

Јакупи Неџати од ДУИ, пак, се обидуваше да увери дека не постои никаква криза и дека владините министри од неговата партија ги штитат интересите на етничките Албанци.

На почетокот од собраниската расправа, Имер Алиу од Демократската партија на Албанците информира дека пратениците од неговата партија ќе бидат воздржани на гласањето за недоверба на Владата, за како што рече да не и дадат алиби на ДУИ дека имаат намера да формираат друго владејачко мнозинство.

Зијадин Села од оваа партија изјави дека оваа владејачка коалиција е смешна, а двата коалициони партнери спроведуваат срамни и штетни политики.

„И двете сте за срам, бидејќи ги користите децата за политички цели.“

Според утврдениот ред во Собрание, премиерот Груевски ќе се обрати пред пратениците половина час пред полноќ, по што пратениците треба да се изјаснат дали ќе и дадат доверба на актуелната Влада.

Во случај да и биде изгласана недоверба на Владата, премиерот до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува шефот на државата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG