Достапни линкови

Инцидент во автобус на ЈСП, повредени три лица, деветмина приведени


Три лица се повредени во инцидент кој настанал меѓу две групи во автобус број 22 на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје што се движел од Волково кон Центар.
Како што информираат од Минстерството за внатрешни работи ицидентот се случил во 12:30 часот после мостот „Обединети нации“ во скопската населба Карпош 4 меѓу две групи.
Според информациите на МВР, повредени се Ј.Е. (16), В.Г.(66) и А.М. (23) кои се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“.
Полицијата приведе девет лица и работи на утврдување на учесниците и мотивите за инцидентот. На местото на настанот се пронајдени два ножа кои се земени за вештачење.
XS
SM
MD
LG