Достапни линкови

Српските институции на северно Косово се нелегални но легитимни


Ramush Tahiri

Ramush Tahiri

На северниот дел на Косово нема косовски институции поради што српските институции, без оглед на тоа што според нас се паралелни, сепак се легитимни бидејќи се избрани од страна на народот што живее таму, изјави Рамуш Тахири советник на косовската претседателка.
Советникот на Атифете Јахјага за Радио КиМ изјави дека српските структури на власт во северниот дел на Косово, иако се паралелни, се единствени и вистински без оглед на тоа што не се во согласност со Уставот на Косово.
Тахири нагласи дека без овие структури во северниот дел на Косово ќе постои анархија и поради тоа мора да се разговара со луѓето кои имаат легитимитет, бидејќи се избрани од страна на народот.
Советникот на Јахјага истакна дека поради предрасудите на двете страни овие разговори се одложуваат веќе подого време и дека сега е неопходно што побрзо да се почнат разговори со претставниците на Србите во северниот дел на Косово.
Тахири изрази надеж дека идната година во северниот дел на Косово ќе бидат организирани општински избори според Уставот и законите на Косово
XS
SM
MD
LG