Достапни линкови

Интерпелацијата ќе покаже дали владината криза е глума


Али Ахмети и Никола Груевски не можат да одат на локалните избори како пријатели, туку само како божемни непријатели, колку да ги добијат гласовите, едниот кај Албанците, другиот кај Македонците, вели аналитичарот Ким Мехмети.

Денешната собраниска седница треба да покаже дали на Владата ќе и биде укажана доверба или не. Доколку мнозинството пратеници и изгласа доверба на актуелната Влада, а според политичкиот аналитичар Ким Мехмети, тое е единственото можно сценарио, тоа само ќе потврди дека целата политичка криза е вештачка.
Целата оваа ситуација е фингирана. Таа е фингирана, затоа што Али Ахмети и Никола Груевски не можат да одат на локалните избори како пријатели, туку само како непријатели, како божемни непријатели, колку да ги добијат гласовите, едниот кај Албанците, другиот кај Македонците.

„Целата оваа ситуација е фингирана. Таа е фингирана, затоа што Али Ахмети и Никола Груевски не можат да одат на локалните избори како пријатели, туку само како непријатели, како божемни непријатели, колку да ги добијат гласовите, едниот кај Албанците, другиот кај Македонците“, вели Мехмети.

Во случај да и биде изгласана недоверба на Владата, премиерот до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува шефот на државата, објаснуваат експертите.
Ако владините партнери меѓусебно глатко се поддржуваат, тоа силно ќе ја потхрани тезата дека владината криза е едноставно фингирана - онаа политичка игра која евентуално ја играат владините партнери, односно потпалување на национализмот и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци со цел стекнување политички поени.

„Ако резултира гласањето со изгласување недоверба, тогаш може да се создаде нова влада врз основа на постоечките сили во Парламентот или да се пристапи кон распуштање на Собранието и распишување нови избори“, вели професор Здравко Савески.

И според Савески, поверојатно е првото сценарио. Владејачките партнери нема да ја поддржат интерпелацијата, уверува тој.

„Ако владините партнери меѓусебно глатко се поддржуваат, тоа силно ќе ја потхрани тезата дека владината криза е едноставно фингирана - онаа политичка игра која евентуално ја играат владините партнери, односно потпалување на национализмот и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци со цел стекнување политички поени.“

Согласно Деловникот, Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.

Доколку, пак, се искористи втората можност прашањето за доверба на Владата да го постави премиерот усно на седницата на Собранието, пратениците гласаат за доверба на Владата на истата седница, но без расправа.

Според Мехмети, оваа Влада ќе ја преживее интерпелацијата, но тоа, според него, ќе биде на штета на граѓаните. Тензиите ќе продолжат, а меѓуетничките односи во земјава ќе се влошат, оценува Мехмети.

„Оваа тендерократија што ја градат Груевски и Ахмети нема за цел да го штити интересот на граѓанинот. Секој ќе се прави патриот во својот етнички табор, што е тажно после 20 години тие уште не замајуваат на етничката жица.“

Како што образложија од СДСМ, причина за барањето на денешната собраниска расправа и гласање е „двомесечната фингирана конфронтација меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со која се загрозуваат меѓуетничките односи и интеграциите на земјата“.

Последен пат гласање за доверба на Владата имаше на 7 јуни 2007 година, кога претседател на Парламентот беше Љубиша Георгиевски, а премиер Никола Груевски. Владата тогаш доби доверба од законодавниот дом.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG