Достапни линкови

Руските свештеници ќе можат да се кандидираат на избори


Синодот на Руската Православна Црква

Синодот на Руската Православна Црква

Синодот на Руската православна црква донел одлука со која им се дозволува на свештениците да се кандидираат на избори во случај на неопходност. Според толкувањето на Синодот, тоа значи дека свештениците ќе можат да учествуваат на избори во ситуации кога е потребна акција против кандидати кои настојуваат да бидат избрани а се противници на Православната Црква. Свештениците ќе немаат право да бидат членови на некоја политичка партија, а Синодот ќе има право да одлучува за листата на можните кандидати.
XS
SM
MD
LG