Достапни линкови

Банките може да го стегнат ременот за кредити


Гувернерот на Народната банка Димитар Богов вели дека во услови кога економијата забавува и банките стануваат повнимателни.

Банките може да станат повнимателни со кредитирањето во услови на рецесија, коментираат познавачите, дел од кои велат дека е ризично да се кредитираат тековните расходи кои не се сметаат за профитабилни. Од бизнис заедницата велат дека ваквата ситуација може да биде меч со две острици за банкарскиот сектор.
Тие гледаат поголеми ризици кај фирмите и затоа помалку кредитираат. Треба тука правилно да се оцени што е она што би бил поголем ризик за банките, да одат во кредитирање на непрофитабилни проекти и потоа да трпат големи загуби поради тоа или да го намалат кредитирањето, да ги намалат редовните приходи, меѓутоа ќе избегнат поголеми загуби од лошите кредити.
Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија.

Гувернерот на Народната банка Димитар Богов во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во услови кога економијата забавува, банките се внимателни.
Гувернерот Димитар Богов.
Гувернерот Димитар Богов.

„Тие гледаат поголеми ризици кај фирмите и затоа помалку кредитираат. Треба тука правилно да се оцени што е она што би бил поголем ризик за банките, да одат во кредитирање на непрофитабилни проекти и потоа да трпат големи загуби поради тоа или да го намалат кредитирањето, да ги намалат редовните приходи, меѓутоа ќе избегнат поголеми загуби од лошите кредити.“

Економистите досега неколку пати посочија дека за излез од рецесијата потребни се нови проекти, но се поставува прашањето како може да се очекуваат иницијативи од компаниите, кога зголемените тековни расходи и внимателноста на банките може да ги засенат свежите профитабилни инвестиции? Богов одговара:
Во рецесија е нормална реакција на банките дека ќе станат многу повнимателни во пласирањето на кредити, но тоа е меч со две острици, зашто банките без фирмите практично не може да постојат и самите ќе влезат во рецесија.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

„Кредитниот раст сепак не е толку лош. Оваа година имаме околу 7 отсто кредитен раст. Ние преземавме одредени мерки на почетокот на април со коишто спречивме кредитниот раст да биде понизок од ова. Седум отсто не е така лош раст“, вели Богов.

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека евентуално намалување на кредитирањето би било штетно и за банките и за фирмите.

„Во рецесија е нормална реакција на банките дека ќе станат многу повнимателни во пласирањето на кредити, но тоа е меч со две острици, зашто банките без фирмите практично не може да постојат и самите ќе влезат во рецесија.“

Потребен е баланс, а Народната банка може да ги либерализира условите за кредитирање, вели Чекреџи.

„Дали се земаат кредити за нови проекти или за тековно работење, тоа во финансиско-инвестициска смисла е сеедно. Фирмите земаат кредити за она за што им е во моментот потребно.“

Во вториот квартал годинава бројот на нефункционални кредити изнесува 9,7 проценти, што е помалку од првиот квартал, кога популарно наречените токсични кредити се проценувале на 9,9 отсто.
XS
SM
MD
LG