Достапни линкови

Обид да не се заборави патот до ЕУ


Извештајот на ЕК ќе биде објавен на 10 октомври. Експертите очекуваат дека во него годинава ќе се најде и владината криза како и меѓуетничките односи. Дали тоа ќе донесе уште една потврда дека евроинтеграциите се заложник и жртва на дневната политика ќе покаже есента.

Во долга недоумица која е целта на отворениот дијалог на високо ниво што го отворија Македонија и ЕУ со нејасна развлеченост и уште понејасни резултати заврши формалноста тој да се одржи преку три рунди разговори и преку ветувања кои ќе ги даде македонската Влада во извесен број точки кои рече и дека доследно ги исполнила или ќе ги исполни.
Тука има некоја амбиција, се јавува Филе како човекот којшто е подготвен да ги земе работите во своите раце, меѓутоа Филе е сосема свесен дека не може да го гарантира датумот во декември. Зошто? Затоа што датумот не е во рацете на Европската комисија, тој е во рацете на државите членки, односно на Советот. Тој може да ја продава приказната дека Македонија постигнала, дека Дијалогот на високо ниво бил успешен инструмент, а патем кажано тој инструмент не е признат од советот.
Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.

Исходот од сето тоа останува да се чита меѓу редови во она што еврокомесарот за проширување дискретно го порача при последната посета на Скопје. Дијалогот го задржа интересот на земјава за евроинтеграциите и е еден вид рецепт како се стасува до преговори. Би се рекло додатен импулс на државата која почна да го заборава патот кој е наведуван како приоритет во партиските програми. Да се испорачаат конкретни резултати од преземените обврски и да се поработи на добрососедските односи се пораките од еврокомесарот, кои, се чини, работите ги вратија таму каде што беа и пред отпочнувањето на дијалогот во март годинава.
Ние забораваме дека првата или една од првите одлуки на новиот владин кабинет во 2006 година беше да не се прави никаков финансиски аранжман со ММФ. Домашната политичка елита или домашната влада не сака да има тутори од надвор, туку сака парите да ги троши така како што мисли дека треба да се трошат. Следствено на тоа и во политичката сфера да ги носи оние политики за кои смета дека нејзе и носат најголем ќар, а не на државата на долг рок, вклучително и во однос на стратешките цели.
Стево Пендаровски, претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции.

Најавите дека годинешниот извештај на ЕК ќе биде позитивен за Македонија веќе не е нешто што за земјава ги менува работите. Познавачите велат дека сепак најинтересен годинава ќе биде периодот од објавувањето на есенскиот извештај на ЕК на 10 овој месец до одржувањето на состанокот на Советот на министрите во декември.

Лобирање за датум во декември

Наредните месеци до министерскиот состанок ги прави интересни атмосферата која што ја создава ангажманот и силното лобирање на еврокомесарот за проширувањето кој отпатува во Атина и побара од Грција да го одблокира македонскиот евроинтеграциски процес користејќи го како причина смирувањето на националистичките тенденции во земјата, а како аргумент дијалогот на високо ниво со кој земјава потврдува дека го продолжува патот на реформите. Неговата теза која ја употреби околу посетата на Атина беше и дека евентуалните преговори можат да го забрзаат решавањето на спорот за името.

Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование вели дека во Брисел владее една засилена атмосфера на лобирање од страна на ЕК и верување дека Македонија во декември може да добие датум за преговори.
Ова однесување сега што нема шанси да се случи ако сте во посериозен процес на приклучување, особено ако сте членка на ЕУ. Дури и кога ќе почнат преговорите мора да се однесувате соодветно на принципите коишто важат таму, така што го немате ни оддалеку тој комодитет. Вака е некаков лов во матно каде што криминалот цвета и тоа продолжува.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Лидија Димова претседател на невладината организација Македонски Центар за европско образование.
Лидија Димова претседател на невладината организација Македонски Центар за европско образование.
„Тука има некоја амбиција, се јавува Филе како човекот којшто е подготвен да ги земе работите во своите раце, меѓутоа Филе е сосема свесен дека не може да го гарантира датумот во декември. Зошто? Затоа што датумот не е во рацете на Европската комисија, тој е во рацете на државите членки, односно на Советот. Тој може да ја продава приказната дека Македонија постигнала, дека Дијалогот на високо ниво бил успешен инструмент, а патем кажано тој инструмент не е признат од советот“, вели Димова.

Вака ќе си крадат, а ако влеземе во ЕУ не може да крадат.
Анкетиран граѓанин.
Информациите кои стасаа по посетата на Филе на Атина велат дека Грција не се спротивставила отворено на можноста Македонија да продолжи по европскиот пат, што не е аргумент дека нема да го направи тоа. Но и аналитичарите веруваат дека грчкото вето станува се попроблематично. Анализата на Димова во однос на тоа е дека Филе ќе продолжи да игра на картата на пресудата од меѓународниот суд и времената спогодба имајќи ја на ум определбата на надворешната политика на ЕУ која се темели на принципите и политиките на ОН. Во добивање датум за преговори, Димова и натаму не верува поради како што вели јасната европска политика која порачува спорот за името сепак да се реши по цена да се побара и европска помош за тоа, во што предничи германската политика. Оттука таа верува дека дури и да се ублажи грчкиот тврд став во врска со гласањето за отпочнување преговори, вето може да стаса од друга страна како што е Кипар или Бугарија, особено по сигналите дека таа може да стане втората пречка во натамошниот европски пат.
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.

Евроинтеграциите засенети од кризите
Европа не е лек за сите болести, но факт е, еве еден скорешен и близок пример, неколку битни закони кои владата на Виктор Орбан во Унгарија ги донесе беа после само неколку месеци сменети после директен притисок од Брисел. Јасно е дека дури и ако сте внатре како полноправна членка на еден начин ќе бидете мониторирани, а не пак ако сте земја кандидат.
Стево Пендаровски, претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции.

Главната политичка тема во Македонија есенва воопшто и не се евроинтеграциите, ниту битните датуми кои ќе ја одбележат есента почнувајќи од објавувањето на извештајот па до декемврискиот состанок на Советот на министрите, туку како што е и вообичаено тоа се внатрешните калкулации, евентуалните предвремени избори и новите партиски комбинаторики. Заинтересираноста на Брисел е одамна релативизирана поради внатрешната криза во меѓународната организација и во моментов со Балканот се бави веројатно само Филе, велат експертите.

„Европа поради својата внатрешна криза не посветува ни приближно толку внимание на Балканот како порано и тоа домашните политички гарнитури го користат до максимум. Штом нема екстерен евалуатор од надвор, тие го прават само тоа што му го прави ќефот на електоратот, а тоа, според нив, за возврат им носи поени. Така ќе остане сè додека ЕУ не биде, прво поединствена и второ, поприсутна во регионот затоа што очигледно во последниве години тоа не го прави“, вели аналитичарот Стево Пендаровски, кој е претседател на советот за надворешна политика и безбедност на најголемата опозициска партија.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ во 2009 година.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ во 2009 година.

Не е голема утеха тоа што ваквото однесување или користење на ситуацијата е генерален проблем со балканските земји чии политики повеќе се насочени кон додворување на домашниот електорат отколку кон пораките од Брисел. Истовремено, нивните калкулации очигледно не одат во прилог на забрзување на евроинтеграцискиот пат кој би го доживеале како туторство врз сопствените политики, додава Пендаровски.
Вистински чекори нема. Тие велат правиме реформи во судството, а судството ни е на исто ниво како што беше пред една, две, три или пет години. Сега и меѓуетничките односи се заладени. Мислам дека претстојниот извештај на ЕК ќе биде од прилика ист како ланскиот, со тоа што мислам дека ќе забележат дека односите меѓу коалиционите партнери се малку заладени и ќе повикаат дека треба да се решаваат во духот на Рамковниот договор.
Беким Кадриу, политички аналитичар.

„Ние забораваме дека првата или една од првите одлуки на новиот владин кабинет во 2006 година беше да не се прави никаков финансиски аранжман со ММФ. Домашната политичка елита или домашната влада не сака да има тутори од надвор, туку сака парите да ги троши така како што мисли дека треба да се трошат. Следствено на тоа и во политичката сфера да ги носи оние политики за кои смета дека нејзе и носат најголем ќар, а не на државата на долг рок, вклучително и во однос на стратешките цели“, вели Пендаровски.

Политичката елита не сака тутори од надвор

На иста линија се и граѓаните по логиката на она што го живеат.

„Релаксација си имаат, нема после да им команди никој од Европа.“

„Вака ќе си крадат, а ако влеземе во ЕУ не може да крадат“, велат анкетираните граѓани.

Процесот на интегрирање претпоставува дисциплина во однесувањето и функционирањето на сите институции од кои македонските власти не се многу подготвени да ги тргнат рацете, додава професор Мерсел Биљали.

„Ова однесување сега што нема шанси да се случи ако сте во посериозен процес на приклучување, особено ако сте членка на ЕУ. Дури и кога ќе почнат преговорите мора да се однесувате соодветно на принципите коишто важат таму, така што го немате ни оддалеку тој комодитет. Вака е некаков лов во матно каде што криминалот цвета и тоа продолжува“, вели Биљали.
Во сите сегменти на општественото делување ќе има влијание нашето членство во НАТО, нашето започнување на преговорите со ЕУ, во сите сфери на општественото живеење ќе има позитивно влијание.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

Од друга страна, за членка на ЕУ нема пардон и тука политиките би биле секако корегирани доколку се појави таква потреба, појаснува Пендаровски.

„Европа не е лек за сите болести, но факт е, еве еден скорешен и близок пример, неколку битни закони кои владата на Виктор Орбан во Унгарија ги донесе беа после само неколку месеци сменети после директен притисок од Брисел. Јасно е дека дури и ако сте внатре како полноправна членка на еден начин ќе бидете мониторирани, а не пак ако сте земја кандидат“, вели Пендаровски.

Брисел го менува односот кон Балканот

Можеби ваквото однесување на земјите на Балканот го поттикна Брисел да ја разбуди или активира политиката на проширувањето и да почне да работи поинтензивно околу неа, коментира Димова. Ова можеби требаше да го направи и многу порано. Втората впечатлива промена се однесува на критериумите кои Брисел е речиси принуден да го направи тоа и видливо ги спушта во однос на земјите од Западен Балкан. Во однос на Македонија, тоа значи дека повторување на препораката за отпочнување датум за преговори најверојатно се очекува како и генерално позитивен извештај од Комисијата, но е сосема извесно дека критиките и тоа по истите точки и по пет години е сосема извесно дека ќе се повторат.

„Дали треба да препорача, мислам дека треба, затоа што Македонија го исполнува апсолутниот минимум, ама го нагласувам ова апсолутен минимум. Штета е што граѓаните на оваа држава почнаа да се задоволуваат со апсолутен минимум, а исто така и Европската комисија бара апсолутен минимум од нашата држава, од нашата влада. Реално, ние сме повторувачи затоа што едни исти работи пет години наназад ги решаваме и никако да ги решиме“, вели Димова.

Оттаму, засега ни се случува да бидеме дури и пофалени или охрабрени па дури и за мали поместувања нанапред, додава професор Мерсел Биљали. Прогледувањето низ прсти во нашата ситуација е извесна компензација и поттик да се изнајде компромисно решение во спорот за името.

Законите со европски знаменца непривлечни

Сепак, фактите се далеку посурови од тоа и не делува нималку розово информацијата дека годинава од сите закони донесени во македонскиот парламент, само 9 проценти се од оние со европско знаменце. Ова е доволен доказ дека европската агенда се повеќе се спушта во земјава, коментира Димова и тоа пред се поради фактот дека таа не е многу привлечна за властите. Еден од примерите кои ги наведува е можноста од преиспитувањето на економските и другите политики од страна на Брисел кое би донело и многу проблем. На пример, од економски аспект тоа би се однесувало на бројните прекршувања на политиката на конкуренција во делот на економијата, вели Димова.

„Дај боже да почнеме да преговараме, многу е веројатно дека некои од државите членки при изготвувањето на нивните позиции по одредените поглавја, можат да побараат од нашата влада, на пример, од технолошките зони каде што користевме државна помош кога не треба, затоа што тоа е спротивно на правилата на ЕУ, да побараат од нашата влада, да побараат од Џонсон мети на пример да ги врати сите пари назад во буџет и тогаш ние имаме проблем“, вели Димова.

Се прават реформи, но нема вистински чекори

Му доаѓа на исто, но младиот експерт по меѓународно право, Беким Кадриу односот на властите кон евроинтеграциите го гледа од обратен агол. Тие се жртвувани, вели Кадриу, во име на комодитетот во владеењето и пред сè во име на рејтингот кај граѓаните.

„Мислам дека добивањето на политички поени кај граѓаните има приоритет пред суштинското решавање на одредени прашања коишто се битни за процесот на евроинтеграции.“

Властите и сега имаат обврски кон унијата, додава Кадриу, и тие се преземени со потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација како и со бројните други договори кои ги имаат потпишано со Европската унија. Сепак, за нив останува врвен приоритет останувањето на власт и одржувањето на висока популарност кај гласачкото тело кои секогаш го потиснуваат исполнувањето на обврските во кои во многу области кои остануваат на истото ниво во спроведувањето на реформите како и претходно, додава Кадриу.

„Вистински чекори нема. Тие велат правиме реформи во судството, а судството ни е на исто ниво како што беше пред една, две, три или пет години. Сега и меѓуетничките односи се заладени. Мислам дека претстојниот извештај на ЕК ќе биде од прилика ист како ланскиот, со тоа што мислам дека ќе забележат дека односите меѓу коалиционите партнери се малку заладени и ќе повикаат дека треба да се решаваат во духот на Рамковниот договор“, вели Кадриу.

Извештајот ќе даде одговори на многу прашања

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, пак, е на мислење дека се произлегува од магичниот круг кој го создава спорот за името и дека е апсурдно да се верува дека по толку големата поддршка од страна на народот, некоја политичка елита во земјава смее да го забавува тој пат особено поради тоа што приближувањето кон ЕУ, според него, би ги подобрило состојбите во сите области, од економијата до меѓуетничките односи.

„Во сите сегменти на општественото делување ќе има влијание нашето членство во НАТО, нашето започнување на преговорите со ЕУ, во сите сфери на општественото живеење ќе има позитивно влијание“, вели Никовски.

Извештајот на ЕК ќе биде објавен на 10 октомври. Експертите очекуваат дека во него годинава ќе се најде и владината криза како и меѓуетничките односи. Дали тоа ќе донесе уште една потврда дека евроинтеграциите се заложник и жртва на дневната политика ќе покаже есента. Еврокомесарот Штефан Филе во своите аргументи за одблокирање на евроинтеграцискиот процес на земјава го наведува и како што вели смирувањето на националистичките тенденции. Неговата намера е да ја покаже нужноста да се направи чекор напред кон Европа. Дали таа нужност некој ја согледува и во Македонија треба да потврди и домашното политичко однесување. Во ваква фокусираност да се одреди своето место во идните државни институции тешко е да се очекува дека евроинтеграциите ќе се изборат за подобар статус.
XS
SM
MD
LG