Достапни линкови

Ставревски по инвестиции во Индија


Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, од денеска до 9 октомври ќе ги презентира инвестициските можности на Република Македонија пред бизнисмени во Индија.
Делегацијата, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, во Индија ќе посети четири града, Горегаон-Меданта, Лакнаоу, Хидерабад и Ченаи.
Денеска ќе имаат средби со претставници на Конфедерацијата на индиските индустрии, како и со претседателот на конфедерацијата за Југоисточна Европа во градот Горегаон-Меданта.
XS
SM
MD
LG