Достапни линкови

Грција има пари до крајот на ноември, потоа банкрот


Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека Грција може да функционира до крајот на ноември, а потоа ќе банкротира доколку не ја добие наредната транша од финансиската помош. Претставници на Европската Комисија, Меѓународниот Монетарен Фонд и Европската Централна Банка се во Атина за да го утврдат прогресот на Грција во исполнувањето на условите за продолжување на финансиската помош. Доколку нивниот извештај биде негативен, Грција нема да ја добие наредната транша од 31 милијарда евра и би можела да биде принудена да ја напушти евро-зоната.
XS
SM
MD
LG