Достапни линкови

Најавени масовни демонстрации во Аман


Муслиманското братство за денеска во главниот град на Јордан, Аман, повика на демонстрации како начин на притисок врз монархот да ги забрза политичките реформи. Муслиманското братство се надева дека тоа ќе бидат најголеми демонстрации од протестите за време на арапската пролет. Вчера, јорданскиот крал Абдула го распушти про-владиниот парламент со што е отворен патот за парламентарни избори во почетокот на наредната година.
XS
SM
MD
LG