Достапни линкови

Не се знае каде е творештвото на Мите Богоевски


Богомил Богоевски, синот на македонскиот херој Мите Богоевски во спомен куќата на неговиот татко во селото Болно во околината на Ресен.

Богомил Богоевски, синот на македонскиот херој Мите Богоевски во спомен куќата на неговиот татко во селото Болно во околината на Ресен.

И по 70 години од смртта на поетот и народен херој Мите Богоевски никој не успеал да ги пронајде неговите необјавени песни за кои постојат претпоставки дека се наоѓаат во Бугарија.

Деновиве се навршија 70 години од смртта на македонскиот револуционер, поет и народен херој Мите Богоевски. И по толку години никој не успеал да ги пронајде неговите необјавени песни за кои постојат претпоставки дека се наоѓаат во Бугарија.
После години се јави човек од Бугарија кој имал околу 50 песни напишани од Мите. Бараа лично да одиме да ги земеме песните од Бугарија.

Неговиот син Богомил Богоевски со сопругата раскажуваат дека во неколку наврати им се јавувале лица од Бугарија за да одат таму лично нив да им го предадат творештвото, но државата од безбедносни причини не им дозволила да отпатуваат. Од семејството претпоставуваат дека песните ги зеле бугарските војници при претресот на родното село на Мите, Болно во Ресенско на 12 септември 1942 година, дента кога тој заедно со првоборецот Стив Наумов се самоубиле за да не паднат во раце на непријателот.
Спомен куќата на Мите Богоевски во селото Болно во околината на Ресен.

Спомен куќата на Мите Богоевски во селото Болно во околината на Ресен.


„После години се јави човек од Бугарија кој имал околу 50 песни напишани од Мите. Бараа лично да одиме да ги земеме песните од Бугарија. Но од Скопје ни беше забрането да не одиме од безбедносни причини, да не е опасно“, раскажуваат синот Богомил и неговата сопруга.
Откако ги убиле, Бугарите ги погребале во коријата. По две недели местото го нашол некој овчар и им кажал на најблиските роднини. Тие отишле да ги откопаат за да ги погребат како што е редот. Но тогаш повторно некој им јавил на војниците, кои дошле и како што плачеле роднините, мавале, ги зеле телата и досега не им се знае гробот.

Не се знае ни што се случило со последната песна на Мите, која му ја дал на некој од партизаните да ја сочува дента кога селото Болно било опколено. Имало и други материјали од поетот кои при претресот била скриени во шупа со дрва и закопани. Имало и роман, но не е пронајден до денес. Од Богоевски зачувани се само четири негови песни, меѓу кои и легендарната „Спроти Илинден“.

Освен творештвото, до денес не се знае ни каде му е гробот, раскажуваат најблиските роднини.

„Откако ги убиле, Бугарите ги погребале во коријата. По две недели местото го нашол некој овчар и им кажал на најблиските роднини. Тие отишле да ги откопаат за да ги погребат како што е редот. Но тогаш повторно некој им јавил на војниците, кои дошле и како што плачеле роднините, мавале, ги зеле телата и досега не им се знае гробот.“

Спомен куќата во родното село Болно, иако е споменик на културата, се распаѓа, а селаните велат дека ретко кој ја посетува.

„Туристи нема, никој не доаѓа. Споменот ние го чуваме, но другите граѓани идат само на денот кога е починат. Многу ретко доаѓаат да ја посетат куќата од училиштата. Се заборава споменот за него. Никој нема, тоа е пропаднато се“, велат жителите на Болно.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG