Достапни линкови

СДСМ ќе присуствува на координацијата кај Вељановски


Опозициската партија СДСМ смета дека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со наметнување други теми се обидува да ја опструира утрешната расправа за гласањето доверба на Владата. Пратеникот од СДСМ Јани Макрадули денеска изјави дека Вељаноски спроведува сценарио за опструкција на утрешната расправа и дека како што вели принципиелниот став на опозицијата за неучество на понеделничките координации останува. Но додава дека нема да дозволат со евтини трикови од техничко - деловнички карактер да се опструира утрешната расправаи дека на утрешната средба со Вељановски ќе учествува еден координатор од предлагачите на оваа иницијатива.
XS
SM
MD
LG