Достапни линкови

Иванов: БиХ да помогне во затварање на истрагата за смртта на Трајковски


Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Сараево побара од босанските власти за помогнат во завршувањето на истрагата за смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. Иванов по средбата со преседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ изјави дека побарал од надлежните органи да ги уважат стручните експертизи на македонската комисија и да преземат се што е потребно за да се затвори истрагата. Тие разговарале и за интезивирање на економската соработка што подразбира потпишување на неколку билатерални договори меѓу кои и Договорот за избегнување на двојно оданочување.
Иванов одговарајќи на новинарско прашање за писмото од грчкиот министер за надворешни рабори Димитрис Аврамопулос до неговиот колега Никола Попоски изјави дека Македонија со Грција има потпишано билатерален договор односно времена спогодба во 1995 година која треба да се почитува.
XS
SM
MD
LG