Достапни линкови

logo-print

Русија очекува нормализација на односите со Грузија


Русија се надева дека промените кои ги донесоа парламентрните избори во Грузија ќе придонесат за нормализирање на односите меѓу Москва и Тбилиси. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александр Лукашевич изјави дека Москва тоа ќе го оценува по „делата не по зборовите. “
Лидерот на коалицијата „Грузиски сон “ Бидзина Иванишвили изјави по изборите дека сака да ги нормализира односите со Москва.
Неговата коалиција освои 82 од 150-те места во парламентот додека партијата на предателот Михаил Саакашвили освои 68 места.
XS
SM
MD
LG