Достапни линкови

Одбиено барањето за одбележување на годишнина од смртта на Политковскаја


Организацијата за заштита на човекови права со седиште во Москва соопшти дека власта локалните власти не дозволиле собир на граѓани на плоштадот Пушкин за да ја одбележат годишнината од убиството на Ана Политковскаја. Московските власти тврдат дека за 7 октомври веќе биле закажани протести анти-дрога демонстрации и затоа се подготвени на дијалог, граѓаните да го оддржат собирот на друго место.
Рускиот претседател Владимир Путин на 7 ми октомври ќе го прослави својот 60-ти роденден со собир на граѓани и марш, кој ќе се оддржи во Москва и уште неколку други руски градови.
Политковскаја беше убиена во 2006-та година пред нејзиниот стан, откако објави критика за руските воени акции во Чеченија. Случјаот за нејзиното убиство се уште не е решен, руските власти тврдат дека истрагата се уште трае.
XS
SM
MD
LG