Достапни линкови

Ештон ги повика на воздржаност Анкара и Дамаск


Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон го осуди вчерашниот минофрлачки напад од Сирија врз турскиот град Акчакале. Таа ги повика сириските власти под итно да стават крај на насилството и во целост да ги почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет на сите соседни држави. Ештон побара од Анкара и Дамаск да покажат воздржаност и најави дека ќе прдолжи внимателно да ја следи ситуацијата.
Во вчерашниот напад на турскиот град Акчакале беа убиени пет цивили а ранети 13. Како одговор на тоа турската армија изврила артилериски напади врз сириски цели во сирискиот град Тал ал Абјад кој се наоѓа на 10 километри од границата со Турција.
XS
SM
MD
LG