Достапни линкови

Продолжува тактизирањето пред гласањето доверба на владата


Мандатарот Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието на 27 јули 2011 година.

Мандатарот Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието на 27 јули 2011 година.

Коалициските партнети ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сè уште молчат за тоа како ќе постапат на утрешнато гласање доверба за владата.

Веќе неколку дена претставниците на политичките партии се недостапни за прашања поврзани со гласањето за доверба на владата.
Во врска со довербата на владата, пратениците на ДУИ утре ќе си го кажат својот став. Утре и ние не сме баш најсигурни како ќе биде, но утре ќе се дознае.

Претседателството на ДУИ на состанок во Тетово вчера расправало за тоа каков став да зазeмат по предлогот на СДСМ, но од партијата денеска не сакаа да ја соопштат нивната одлука.

„Во врска со довербата на владата, пратениците на ДУИ утре ќе си го кажат својот став. Утре и ние не сме баш најсигурни како ќе биде, но утре ќе се дознае“, изјави Сузана Салиу од ДУИ, која не ја исклучува можноста во текот на денот партијата на Ахмети да објави поконкретни информации околу ова прашање.
Лично сметам дека сепак ДУИ ќе биде воздражана, значи нема да гласа за, но нема да гласа ни против и со тоа ќе му даде еден сигнал на својот коалиционен партнер дека во иднина може да се случи да не ја поддржи владата.

Во текот на денешниот ден и Демократската партија на Албанците ќе одржи партиски состанок на кој треба да одлучи како ќе гласа по ова прашање.

Молк и во ВМРО-ДПМНЕ за нивниот настап на седницата. Една од можностите според деловникот е дека премиерот Никола Груевски ќе побара усно да се гласа доверба на Владата, по што претседателот на собранието Трајко Вељаноски е должен да побара веднаш да се гласа, без пред тоа да има собраниска расправа.

Со предлогот за интерпелација на Владата, опозицијата вели дека ќе се обиде да ја разобличи неодговорната политика на владините партнери, кои, според нив, креираат вештачка криза за да се распишат предвремени парламентарни избори.

Тоа што партиите го кријат својот став и стратегија во однос на ова прашање, за аналитичарите е потврда за неконзистентната политика што ја водат.

„Денеска ни одговара да молчиме затоа што можеби не сме конзистентни и немаме навистина што да кажеме, а утре ни одговара да кажеме нешто повеќе зашто утре имаме што да кажеме и сме се договориле што да кажеме и како да направиме“, изјави политикологот Соња Стојадиновиќ.

Напнатата политичка атмосфера и заладените односи меѓу владините партнери предизвикаа губење на довербата и искрениот однос меѓу партиите на власт, вели политичкиот аналитичар Насер Зибери. Криењето на ставот на партиите во однос на ова прашање е резултат и на немањето јасен став за настап на утрешната собраниска седница, вели Зибери.

„Тие не сакаат јавно да зборуваат за многу прашања кои ги тиштат граѓаните и кои се реални. За нив секако тоа би било на штета ако ги откријат сите карти пред јавноста за тоа што се случува внатре во коалицијата.“

Според Зибери, сите опции е се на маса. Лично, очекува воздржаност од страна на албанскиот партнер на власт.

„Лично сметам дека сепак ДУИ ќе биде воздражана, значи нема да гласа за, но нема да гласа ни против и со тоа ќе му даде еден сигнал на својот коалиционен партнер дека во иднина може да се случи да не ја поддржи владата.“

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски упати повик до координаторите на сите политички партии да се појават на координација пред утрешната седница. Пратеничката група на СДСМ веќе подолго време ги бојкотира координативните средби откако спикерот Вељаноски одби да стави на дневен ред закони предложени од опозицијата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG