Достапни линкови

Проектиран поголем раст како оправдување за задолжувањата


Владата не сака да ја ревидира стапката на економски раст зашто нема да може да го оправда новото задолжување, вели поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов.

Државниот долг на Македонија на крајот на август годинава достигна 2,364 милијарди евра што е 29,8 отсто од проектираниот БДП за годинава. Владата неодамна најави дека привремено ќе го зголеми буџетскиот дефицит годинава и догодина, па наместо 2,5 отсто, дефицитот ќе биде 3,5 отсто, односно, според сега проектираниот раст на БДП, наместо дефицитот да биде 198 милиони евра, ќе биде 277 милиони евра.
Со тоа што ние цело време сега трубиме дека Македонија е ниско задолжена или средно задолжена земја, ние го оправдуваме задолжувањето. На долг рок ние си ја запечатуваме судбината и малку подоцна, ама сепак, ние јуришаме кон Португалија и кон Грција.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Но, сите овие бројки се пресметани под претпоставката дека економијата годинава ќе порасне за 2,5 отсто, колку што е проекцијата на владата. Гувернерот на Народната банка Димитар Богов вчера рече дека растот за годинава ќе се движи околу нула проценти и оти банката наскоро ќе ги објави и официјалните проекции за оваа и за идната година.
Народната банка попесимистична за економскиот раст од владата.
Народната банка попесимистична за економскиот раст од владата.

Тоа значи дека, дури и државата воопшто да не продолжи да се задолжува во апсолутен износ, процентот на задолженост ќе се зголеми.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека е извесно дека годинава нема да има раст на економијата од 2,5 отсто и оти е уште поизвесно дека државниот долг ќе се зголеми. Владата не сака да го објави тоа сега од проста причина што нема да може да го оправда новото задолжување, вели Витанов.
Тоа нема да предизвика некои поголеми дистурбанци во економијата и пред сè тоа нема да делува проинфлаторно.
Љубе Трпески, универзитетски професор, поранешен гувернер на Народната банка на Македонија.

„Тоа е извесен пат кон зголемување на задолженоста на Македонија. Со тоа што ние цело време сега трубиме дека Македонија е ниско задолжена или средно задолжена земја, ние всушност го оправдуваме задолжувањето. Тоа значи дека на долг рок ние всушност си ја запечатуваме судбината и дека малку подоцна, ама сепак, ние јуришаме кон Португалија и кон Грција.“

Поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија, професор Љубе Трпески, пак, вели дека тоа, сепак, нема да предизвика поголеми потреси во економијата и што е најважно нема да ја зголеми инфлацијата.

„Нашиот буџетски дефицит е меѓу најниските во Европа и јавниот долг е меѓу најниските и сепак е во подносливи рамки и нема да предизвика некои поголеми дистурбанци во економијата и пред сè тоа нема да делува проинфлаторно.“

Витанов вели дека, ако Македонија сака да постигне вистински економски раст во тек на повеќе години мора да размислува да го отфрли стабилниот курс на денарот, кој, според него, не стимулира извоз, а Македонија не може да очекува економски раст без зголемување на извозот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG