Достапни линкови

Аврамопулос со предлог меморандум за разбирање меѓу Македонија и Грција


Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос 24Sep2012

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос 24Sep2012

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос преку писмо до министерот за надворешни работи Никола Попоски понуди предлог меморандум со генералните принципи за кои Македонија и Грција треба да се согласат во меѓусебните односи. Меѓу нив, како што се наведува, се: потврдување на заедничките граници, меѓусебно почитување на интегритетот и независноста на двете земји и потврда дека Скопје и Атина меѓусебно немаат територијални претензии. Атина предлага Грција и Македонија да се согласат дека конечното решение на спорот со името ќе содржи одредница што јасно ќе ја одвои територијата на Република Македонија од регионот Македонија, особено делот од тој регион во северна Грција и оти договореното име ќе се користи од страна на сите и за сите намени.
XS
SM
MD
LG