Достапни линкови

Турската армија гаѓала цели на сириска територија


Турската армија гаѓала цели во Сирија како одговор на минофрлачкиот напад од сириска територија во кој во турски граничен регион беа убиени петмина турски цивили, соопшти премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Овој напад беше следен од итен одговор на нашите вооружени сили, кои бомбардираа цели долж границата, се наведува во изјавата на премиерот.
Ќе биде свикана итна, вонредна, средба на НАТО по овој сириски напад врз Турција, се вели во соопштението на Ердоган.
Генералниот секретар на НАТО Бан Ки-мун изјави дека сирискиот напад врз турската територија покажува колку штети нанесува конфликтот во Сирија на нејзините соседи, пренесоа медиумите.
XS
SM
MD
LG