Достапни линкови

logo-print

Обама и Ромни се соочија на телевизиска дебата


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот соперник на претстојните претседателски избори, Мит Ромни, се соочија на првата претседателска дебата во градот Денвер во западната држава Колорадо.
Деведесет минутната дебата се фокусираше на домашните прашања, вклучувајќи ја и економијата,работни места и на државниот дефицит.
Обама изјави дека тој имал поинаква визија отколку неговиот противкандидат и ја истакна важноста на инвестирањето во образованието.
Ромни пак рече дека политиката на претседателот Барак Обама "не е вистинскиот одговор за Америка". Анкетите за јавното мислење му даваат предност на Обама на претстојните претседателски избори.
XS
SM
MD
LG