Достапни линкови

Лавров ја продолжува посетата во Пакистан


Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја продолжува посетата на Пакистан. Лавров ќе се сретне со пакистанскиот министер за надворешни работи Хина Рабани Кар, со премиерот Раџа Первез Ашраф и претседателот Асиф Али Зардари. Минатиот месец, Москва и Исламабад се согласија за учеството на Русија во развојот на енергетскиот сектор, транспортот, земјоделството, и телекомуникациите на Пакистан. Исто така, планирано е Русија да помогне во модернизацијата на металуршкиот комплекс изграден во јужното пристаниште Пакистан Карачи. Во меѓувреме, началникот на пакистанскиот Генералштабот, генерал Первез Кајани оваа недела е во посета на неговиот руски колега во Москва.
XS
SM
MD
LG