Достапни линкови

Торнадо предизвика штета од 215.000 евра во Аланија


Торнадото што синоќа го зафати турското медитеранско одморалиште Аланија предизвика штета од над 215.500 евра, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Од торнадото најмногу настрадале два покриени пазари, од кои се однесени покривите и каде се искршени излозите на голем број продавници. Дел од сопствениците на продавниците кои се најмногу уштетени при налетот на торнадото, најавија дека ќе побараат отштета од државата.
XS
SM
MD
LG