Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат немирите во северен Кавказ


Четворица полицајци се убиени, а двајца се ранети во заседа на непознати вооружени лица во немирната руска република Ингушетија на северниот дел од Кавказ. Портпаролот на министерството за внатрешни работи Андреј Звагинчев соопшти дека екстремистите ја пречекале полицијата во заседа, во шума недалеку од едно село. Минатиот месец екстремистите убија шест полицајци во истото село, претходно бомбардирајќи едно возило во полицискиот конвој, а потоа отвориле оган врз другите возила. Во Ингушетија и во другите области на северен Кавказ присутно е насилството од страна на исламските екстремисти кое се рашири во тој регион по двете војни во Чеченија.
XS
SM
MD
LG