Достапни линкови

logo-print

Красниќи ја обвини косовската Влада за нелегална приватизација


Jакуп Красниќи

Jакуп Красниќи

Претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи ја обвини владата во Приштина дека процесот на приватизација на државните и јавните претпријатија го спроведува на нелегален и незаконски начин. На седница на косовското Собрание, Красниќи рече дека сегашните институции на Косово „произлегле од кражба на гласови“ и дека затоа немаат целосен легитимитет за продолжување на процесот на приватизација.
Изјавата на Красниќи доаѓа само неколку дена по информациите за можен раскол во владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), чиј лидер е косовскиот премиер Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG