Достапни линкови

Нови пикантерии во книгата за убиството на бин Ладен


Во новата книга за убиството на поранешниот лисер на Ал Каеда, нејзиниот автор Марк Бауден наведува дека американскиот претседател Барак Обама се надевал дека на Осама Бин Ладен ќе му биде судено, ако се предал за време на акцијата на специјалците во Соединетите Држави во мај 2011 година во Пакистан. Во книгата насловена како „Крај“, авторот го цитира Обама кој рекол дека би бил силен политички аргумент кога Бин Ладен би ги имал сите права како обвинет со што ќе се покаже дека американската правда важи дури и за него. Според авторот на книгата Обама се надевал дека бин Ладен ќе се откаже од борбата и ќе се предаде. Книгата треба да излезе од печат на 16 октомври.
XS
SM
MD
LG