Достапни линкови

logo-print

ДУИ во Собрание ќе го соопшти ставот за интерпелацијата на Влада


Претседателството на ДУИ на состанок во Тетово денеска расправале за каков став да зазeмат по а предлогот на СДСМ за гласање недоверба на владата. По состанокот, кратко изјавиле дека нивниот став ќе го соопштат пратениците во петок на собраниската седница, јавуваат македонските медиуми.
Утре и ДПА на партски состанок ќе одлучува како ќе гласа по ова прашање.
Со предлогот за интерплеација на Владата СДСМ вели дека ќе се обидат да ја разобличат неодговорната политика на владините партнери кои фингираат криза.
Во пресрет на петочното гласање за доверба на влада, во медиумите се вртат отворените опции, како владеачката коалција ќе настапи на седницата. Една од можностите според деловникот е дека претседателот на Владата Никола Груевски ќе побара усно да се гласа доверба на владата, по што претседателот на Собранието Трајко Вељаносвки е должен да побара веднаш да се гласа, при што ќе се скокне расправата во Собранието.
XS
SM
MD
LG