Достапни линкови

logo-print

Перес: Посакувам догодина да исчезне Ахмадинеџад


Израелскиот претседател Шимон Перес денеска изрази надеж дека неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад ќе исчезне во текот на годината што доаѓа, заедно со оние кои што ја третираат еврејската држава со непочитување. Ова го изјавил пред посетителите во неговата резиденција на отворениот ден за јавноста алудирајќи на изборите во Иран. Следната година во Иран ќе се оддржат избори на кои ќе се избира следбеник на Ахамдинеџад. Со изминувањето на неговиот втор мандат како претседател на Исламската република нема право на трет.
XS
SM
MD
LG