Достапни линкови

Кацин:Забраната на Парадата во Белград е пропуштена шанса


Известувачот за европскиот парламент од Србија Јелко Кацин денеска изјави дека одлуката на полицијата за забрана на Парадата на Гордоста во Белград е политичка одлука и го доведува во прашање владеењето на правото во државата.
Кацин во неговото писмено обраќање наведува дека забраната претставува уште една пропуштена шанса за Србија.
Тој додава дека е уверен оти државата можела да се грижи за безбедноста на учесниците на Парадата, но за тоа е потребно да се покаже волја, со што сега и се одзеде шансата на српската полиција да ја покаже својата професионалност и способност да го оддржи јавниот ред и мир во земјата.
Кацин жали што во Србија не се загарантирани правата за слободно изразување и здружување кои претставуваат основна темелна вредност сите европски демокартии.
XS
SM
MD
LG