Достапни линкови

logo-print

Болеста постара од апаратите за хемодијализа во Прилеп


Пациенти на одделот за хемодијализа во болницата во Прилеп.

Пациенти на одделот за хемодијализа во болницата во Прилеп.

Одржувањето на старите апарати минатата година чинеше повеќе од еден нов апарат, велат во прилепската болница.

Преку 70 бубрежно болни од Прилеп со години на исти апарати вршат хемодијализа. Во одделот минуваат по 4 часа во денот колку што трае еден третман. Од првиот миг кога биле приклучени до денес, што кај некои пациенти значи период од 15 години, тие вршат хемодијализа на исто место. Се жалат дека дијализерите се постари, дури и од нивната болест.
Десет машини се неопходни во моментов да се заменат. Што би се добило? Прво, поголема заштита од инфекции од хепатит Ц, којшто е актуелен. Ние имаме, според последното испитување, некаде под 15 отсто, ние сме задоволни, треба ново тестирање за видиме дали е тоа вистинска бројка. Второ, дефектите на апаратите ги зголемуваат трошоците, се останува трета смена, се плаќа дополнителен труд на лекарите и медицинскиот персонал. Скапо е одржувањето, одржувањето минатата година чинеше повеќе од еден апарат.

Најави за смена на старите, репарирани машини за хемодијализа со нови нема. А, нивниот страв поради зголемениот ризик од појава на хепатит Ц, расте. Современиот начин на живот, од друга страна го зголемува и бројот на бубрежни болни од 18-19, па до преку 60 години.

Проблемот не го кријат ниту надлежните во прилепскиот оддел за хемодијализа.

„Десет машини се неопходни во моментов да се заменат. Што би се добило? Прво, поголема заштита од инфекции од хепатит Ц, којшто е актуелен. Ние имаме, според последното испитување, некаде под 15 отсто, ние сме задоволни, треба ново тестирање за видиме дали е тоа вистинска бројка. Второ, дефектите на апаратите ги зголемуваат трошоците, се останува трета смена, се плаќа дополнителен труд на лекарите и медицинскиот персонал. Скапо е одржувањето, одржувањето минатата година чинеше повеќе од еден апарат“, вели д-р Трајче Ржаникоски, специјалист-интернист од одделот за бубрежно болни.
Таа новост за пациентите значи многу, за нас значи живот, живот и слобода затоа што ние сме врзани за апаратот, доколку би имале бубрег, би можеле слободно да се движиме било низ државата и надвор кај сакаме да одиме. Инаку сме многу врзани за апарати и ни е товар, ни се оштетува органот, телото ни се оштетува со дијализата, затоа што има соли, а вака со бубрегот повторно сме свои луѓе.

Според д-р Ржаникоски, од отворање на овој оддел во изминативе 25 години, Министерството за здравство има купено 8 апарати, а во моментов има 19 приклучни места. Дотраеноста на апаратите е причина што двајца пациенти од Прилеп и шестмина од Македонски Брод се лекуваат во Струга. Тие се изложени на зголемен стрес и дополнителни трошоци.

Доколку би се инвестирале средства за набавка на нови 10 апарати, кои чинат не повеќе од 150.000 евра, би се подобрил квалитетот на животот и на овие бубрежни болни. Во Министерството се доставуваат редовно барања, но нема позитивен одговор.

„Секоја година се доставуваа, добиваме прашалник за што ни треба, каква е состојбата, секоја година добива информации и Фондот и Министерството за состојбата со апарати, број на пациенти. Последен купен апарат е во 2007 година“, додава д-р Ржаникоски.

Но, новините во здравството што значи примена на кадаверична трансплантација, односно пресадување на бубрег од лице кое доживеало клиничка смрт, сметаат медицинските стручњаци, во голема мера ќе го подобри квалитетот на животот на бубрежно болните. Во Прилеп, од критични 15-мина, се негуваат надежи дека годинава ќе им се овозможи пресадување на бубрег со овој метод, барем на двајца, од планираните 20 операции во државава.

„Нема да бидат задоволни само за пациентите, се работи значи за едно психо-физичко подобрување на нивните семејства и на опкружувањето во кое се работи, бидејќи има разлика меѓу пациент кој доаѓа на хемодијализа и пациент кој живее со пресаден бубрег“, истакнува д-р Илија Богатиноски, директор на прилепската болница.

Оваа новина со нетрпение ја очекуваат и бубрежно болните.

„Таа новост за пациентите значи многу, за нас значи живот, живот и слобода затоа што ние сме врзани за апаратот, доколку би имале бубрег, би можеле слободно да се движиме било низ државата и надвор кај сакаме да одиме. Инаку сме многу врзани за апарати и ни е товар, ни се оштетува органот, телото ни се оштетува со дијализата, затоа што има соли, а вака со бубрегот повторно сме свои луѓе“, вели Зоран Илиески, претседател на прилепскиот огранок на здружението на бубрежно болни „Нефрон“ во кој членуваат над 80 пациенти од поширокиот регион на Прилеп, Крушево, Македонски Брод и помалите општини.

Одделот во Прилеп каде треба да се згрижуваат сите заболени се подготвува и за примена на уште една новина: перитонеална дијализа. Со овој метод ќе се едуцираат болните сами на себе да си вршат хемодијализа, а ефектите од примената ќе бидат и по здравјето на пациентот, но ќе се намалат и трошоците од Фондот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG