Достапни линкови

Литванија со тужба против руски „Гаспром“


Владата во Литванија соопшти дека поднесе тужба од 9,7 милијарди долари против рускиот гигант „Гаспром“ поради нанесена штета со превисоки цени за гас. Литванските власти тврдат дека компанијата вештачки ја зголемува цената на гасот што го продава во Литаванија уште од 2004 година. Тужбата е поднесена во меѓународниот арбитражен суд во Стокхолм.
Литванскиот министер за енергија соопшти дека тужбата е одговор на одбивањето на компанијата да преговара за пониска цена на гас. Литванија се снабдува со гас од Русија и стана позависна од овој енергенс откако во 2009 година ја затвори нуклеарната централа.
XS
SM
MD
LG