Достапни линкови

Извозот кон Косово намален за 50 милиони долари


Pретседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азевски и Сафет Ѓерѓалиу во Скопје.

Pретседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азевски и Сафет Ѓерѓалиу во Скопје.

Трговската размена меѓу Македонија и Косово во првите седум месеци од годинава се намалила за 57 милиони долари во однос на истиот период лани. Извозот е намален за 51 милиони долари, а увозот за 6 милиони долари.

Подобрување на патната и железничка инфраструктура, олеснување на бизнис процедурите, како и подобрување на политичките односи со Косово може да спречат понатамошен пад на трговската размена меѓу Македонија и нејзиниот северозападен сосед, велат стопанствениците.
Ние сакаме на секој начин, ако му треба што било на Косово да го земе тоа преку нас и сме ја имале таа можност, но ние секогаш сме ја злоупотребувале на некој начин, со тоа што сме им ставале вештачки бариери, дали при увоз, дали при извоз на стоки, наместо да биде обратното, штитејќи некогаш и интереси на туѓи земји како што е случајот со Србија, така што кога утре ќе се подобрат односите меѓу Косово и Србија, а се води кон тој правец, и двете земји ќе не заборават нас и нема да им бидеме потребни.

Ако се погледнат податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена меѓу Македонија и Косово во првите седум месеци од годинава била 250 милиони долари, од кои 235 милиони долари се извоз кон Косово. Во истиот период лани, трговската размена била 307 милиони долари, од кои 286 милиони долари отпаѓаат на извоз кон Косово. Тоа значи дека трговската размена меѓу двете земји во првите седум месеци од годинава се намалила за 57 милиони долари. Извозот на Косово во посочениот период е намален за 51 милиони долари, а увозот се намалил за 6 милиони долари.
Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.


Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи вели дека тие долго време бараат зајакнување на соработката со Косово, но нивните ставови биле доживувани како етнички, а не бизнис мотивирани. Потребно е инвестирање во инфраструктурата, но и подобрување на политички односи со Косово, вели тој.
Треба да се подобрат комуникациите, железничките и автопатните правци кон Приштина, да се отворат и нови гранични премини, да се олесни што е можно повеќе соработката со косовските компании.

„Ние сакаме на секој начин, ако му треба што било на Косово да го земе тоа преку нас и сме ја имале таа можност, но ние секогаш сме ја злоупотребувале на некој начин, со тоа што сме им ставале вештачки бариери, дали при увоз, дали при извоз на стоки, наместо да биде обратното, штитејќи некогаш и интереси на туѓи земји како што е случајот со Србија, така што кога утре ќе се подобрат односите меѓу Косово и Србија, а се води кон тој правец, и двете земји ќе не заборават нас и нема да им бидеме потребни.“

Бизнисменот Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека падот на трговската размена меѓу Македонија и Косово се должи пред сè на европската должничка криза на која ни регионот не остана имун.

„Потоа може да се земат предвид и инфраструктурните проблеми, значи треба да се подобрат комуникациите, железничките и автопатните правци кон Приштина, да се отворат и нови гранични премини, да се олесни што е можно повеќе соработката со косовските компании.“

Претседателот на стопанската комора на Македонија Бранко Азески вчера рече дека трговската размена меѓу Македонија и Косово во првата половина од годинава е намалена за 18,6 отсто. Тој рече дека бизнисот ќе има голема корист од автопатско поврзување меѓу двете земји.

„Од косовска страна има најави дека до крајот на годинава ќе започне изградбата на автопатот од Приштина до македонската граница, а од премиерот Груевски добивме уверување дека идната година патниот правец до косовската граница од македонска страна ќе биде даден под концесија, така што треба да се надеваме дека во текот на наредната година ќе дојде до реализација на една значајна работа.“

Анализата на причините што довеле до падот на трговската размена беше тема на вчерашната средба меѓу претставниците на стопанските комори на Македонија и на Косово што се одржа во Стопанската комора на Македонија. Бизнисмените заклучиле дека падот најмногу се должи на економската криза, но и на отворањето на автопатот од Косово кон Албанија, со што пристаништето во Драч стана поатрактивно за косовските компании што претходно го користеа солунското пристаниште.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG