Достапни линкови

logo-print

Радио Класик „се спаси“, Канал 77 ќе почека


Советот за радиодифузија ја стопираше постапката за одземање на дозволата за работа на радиото Класик ФМ, бидејќи ja прифати измената на сопственичката структура, поради поврзаност на претходниот сопстевик со јавен функционер. Советот од досегашниот сопстевник на Канал 77 Горан Гаврилов побара дополнителни податоци за промената на сопственичкото право До тогаш постапката за одземање на дозволата за работа на Канал 77 нема да биде стопирана. Вчера Гаврилов доставил до Советот барање за сопственоста да се префрли на трето лице со цел да го избегне неусогласувањето на сопственоста со законот за радиодифузија според кој сопственик на медиум не треба да биде јавен функционер ниту да биде во роднинска врска со таков.
XS
SM
MD
LG