Достапни линкови

logo-print

Иванишвили: Повикот за оставка не е ултиматум


Лидерот на „ Грузиски Сон“ милјадерот Бидзина Иванишвили кој победи на парламентарните избори во Грузија изјави денеска дека неговиот повик за оставка на претседателот Михаил Саакашвили не е ултиматум.
Набрзо по соопштувањето на првичните резултати Саакашвили го призна поразот на изборите, по што следуваше и барањето на Иванишвили до него да поднесе оставка, обвинувајќи го за „лаги, насиство и тортура“.
Вториот и последен претседателски мандат на Саакашвили завршува во 2013 година. Иванишвили денеска изјави дека за „доброто на нацијата“ е подготвен на дијалог.
Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен и ја честита победата на коалицијата „ Грузиски сон “ за оддржување на „историски “избори, но изјави и дека на земјата и е потребно да се спроведат подлабоки демократски реформи.
XS
SM
MD
LG