Достапни линкови

Иранската полиција се судри со трговците на девизи


Големиот пазар во Техеран е затворен откако полицијата се судри со демонстранти на „црниот пазар за девизи“. Новинските агенции Ројтерс и Асошиетед Прес јавуваат дека дошло до жесток судар меѓу полицијата и трговците со девизи кои протестирале против падот на иранската валута.
Иранската валута- риал изгуби речиси една третина од својата вредност во изминатава недела. Иранската влада ги обвини трговците со девизи за девалвацијата нарекувајќи ги шпекулатори кои треба да бидат приведени од безбедносните сили.
Американскиот Стејт Департмент соопшти дека падот на иранската валута се должи на меѓународните санкции кон Техеран поради нуклеарната програма. Според економистите влијание врз девалвацијата има лошиот менџмент на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и неговиот режим.
Во изминатава година иранската валута загуби 80 проценти од нејзината вредност.
XS
SM
MD
LG