Достапни линкови

Македонската фудбалска репрезентација е на 104 место на ФИФА рејтинг листата


Македонската фубалска репрезентација забележа пад на последната рејтинг листа на ФИФА за седум позиции и сега се наоѓа на 104-тото место. Причини за овој пад се последниот пораз на репрезенацијата при натпреварот со Хрватска и нерешениот исход во натпреварот со Шкотска.
Од противниците на Македонија во квалификациската група за Светското првенство најдобро пласирана е Хрватска на 11- тото место, потоа Белгија која со скок од 10 места сега е на 30-тото и Србија која е на 33-тото место на рејтинг листата на ФИФА. Македонската репрезенација ќе има можност да го подобри својот пласман на следните натпревари кои месецов ќе се одиграат во Скопје. На 12-октомври Македонија ќе игра против Хрватска а на 16 ти против Србија.
XS
SM
MD
LG