Достапни линкови

Насилни протести во Киргистан


Најмалку 10 луѓе се повредени при судирите со киргистанските безбедносни сили на протестите во Бишкек. Над илјада луѓе излегоа на протести денеска водени од опозицискиот лидер Камчјебек Ташиев. Демонстрантите се судриле со полицијата при обидот да влезат во Собранието кое било обезбедено со заштитна ограда. Тие протестирале поради национализацијата на компанијата која стопанисува со најголемиот рудник за злато во Киргистан. Ташиев ги повика демонстрантите да ја соборат владата. Безбедносните сили употребиле солзавец за да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата. Киргистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека неколку демонстранти се уапсени, додека за притворот на Ташиев ќе одлучува судот. Ташиев ужива имунутет затоа што е пратеник.
XS
SM
MD
LG