Достапни линкови

logo-print

Македонија не е плодна почва за радикален ислам


Илустрација.

Илустрација.

Отворање ТВ станици или градење џамии од страна на следбеници радикалните исламски доктрини на Западниот Балкан укажуваат дека ширењето на радикалниот ислам е реалност, покажуваат неодамнешните истражувања.

Одделните случаи, следбеници на радикалните исламски доктрини, кои отвораат ТВ станици или градат џамии во земјите на Западен Балкан укажуваат дека ширењето на радикалниот ислам е реалност. Ова се наведува во истражувањата што деновиве ги објавија некои медиуми од регионот.
Мислам дека локалното население од муслиманска вероисповест има доволно истенчен вкус да препознае кои се вистинските вредности и мислам дека досега тоа успешно го прави.

Во светот меѓуверските тензии се повеќе земаат замав. Прилично наивно е да веруваме дека ние како граѓани на светот нема да бидеме исправени пред предизвици, но важно е дека институциите треба будно да следат што се случува, вели експертот Даниел Димевски.
Илустрација.

Илустрација.


„Факт е тука транзитираат разни групи, Пакистанци, Авганистанци, тие не се сите тука само во својство на туристи. Исто така е факт дека постојат во рамките на ИВЗ разни турбуленции, веројатно борба за место под сонцето. Сето тоа за среќа е будно следено, мислам дека локалното население од муслиманска вероисповест има доволно истенчен вкус да препознае кои се вистинските вредности и мислам дека досега тоа успешно го прави.“

Сите други активности што се појавуваат во име или околу исламот, тие се луѓе кои сакаат да се факторизираат од незнаење или од непознавање на исламот. Инаку во исламот такви радикални ставови не може да има, а што се однесува на т.н радикален ислам во Македонија, гарантирам дека тоа не постои.
Проблемот со агендата на т.н. Радикален ислам меѓутоа може да биде во тоа што економската криза може да претставува плодно тло за радикални исламистички струи кои првенствено ја користат сиромаштијата и преку неа со одредени финансиски донации да влезат на овој терен, додава Димевски. Според него, во принцип не пости ниту радикално христијанство, како што не постои ниту радикален ислам, поим во однос на кој муслиманите се навредуваат кога ќе се спомене. Но, во принцип, сите верски уверувања низ историјата се податливи за злоупотребувања, посочува Димевски.

„И под тој плашт на вероисповест многу лесно одредени групи може да наметнат свои политички пред сè барања, понекогаш дури и комерцијални, под плаштот на некаков верски фундаментализам.“

Што се однесува до ИВЗ, не постои радикален ислам, вели дебарскиот муфтија Ружди Љати.

„Сите други активности што се појавуваат во име или околу исламот, тие се луѓе кои сакаат да се факторизираат од незнаење или од непознавање на исламот. Инаку во исламот такви радикални ставови не може да има, а што се однесува на т.н радикален ислам во Македонија, гарантирам дека тоа не постои.“

Во официјалните органи на ИВЗ не постои т.н. радикален ислам. Во Македонија има повеќе од 600 џамии и нема проблем, додава Љати.

Оваа година, во акцијата на македонската полиција „Монструм“, при што беа уапсени 20 луѓе, МВР тогаш соопшти дека меѓу приведените има приврзаници на радикален ислам кои биле поврзани со убиството кај Смилковското Езеро. Сепак, експертите не укажуваат на тоа дека има непосредна закана од т.н радикален ислам.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG