Достапни линкови

logo-print

Силни експлозии во сирискиот град Алепо


Алепо - Сирија

Алепо - Сирија

Најмалку две силни експлозии одекнале во сирискиот град Алепо.
Според сириската Обсерваторија за човекови права, во експлозиите во делот на градот контролиран од владините сили, имало десетици мртви и ранети.
Се смета дека експлодирале автомобили бомби а потоа имало и престрелки од огнено оружје. Алепо е во средиштето на борбите меѓу владините сили и бунтовниците против режимот на Башар ал Асад.
Во 18 месечното востание, според активистите на опозицијата, загинале 30 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG