Достапни линкови

Седумнаесет години од неуспешниот атентат врз Глигоров


Пред 17 години на 3 октомври беше извршен обид за атентат врз првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров, кој почина оваа година на 94 години. Тој го преживеа атентатот во 1995 со тешки повреди на главата.
Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
XS
SM
MD
LG