Достапни линкови

Прва ТВ дебата на Обама и Ромни


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот предизвикувач, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни вечер ќе се соочат на првата дебата во рамките на предизборната кампања. По неколкумесечна индивидуална кампања, вечер во Денвер, Колорадо тие ќе ја имаат првата од трите предвидени 90-минутни дебати. Според анкетите, Обама има тесно водство, но аналитичарите сметаат дека Ромни би можел да ја намали предноста ако вечер има силен настап. Се очекува дебатата, која ќе биде пренесувана на националната телевизија, да биде следена од околу 50 милиони луѓе.
Потпретседателот на САД Џозеф Бајден и кандидатот за таа позиција од Републиканската партија Пол Рајан ќе ја имаат својата прва дебата на 11 октомври.
XS
SM
MD
LG