Достапни линкови

Се очекуваат конечните резултати од изборите во Грузија


Бидзина Иванишвили

Бидзина Иванишвили

Денеска ќе бидат објавени конечните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Грузија. Претседателот на државата Михаил Саакашвили веќе го призна поразот на неговата партија Обединето национално движење од опозициската коалиција на милијардерот Бидзина Иванишвили.
Рускиот премиер Дмитри Медведев ја поздрави победата на опозицијата, истакнувајќи дека е отворен патот за поконструктивни и поодговорни сили да влезат во грузискиот парламент.
Американскиот Стејт департмент му честита на претседателот Саакашвили за „грациозното“ признавање на поразот и додава дека тоа испраќа добар сигнал. Тонино Пицула, кој го предводеше тимот на меѓународни посматрачи, изјави дека гласањето било фер и покрај многу поларизираната кампања.
XS
SM
MD
LG