Достапни линкови

ПС на СЕ ги критикува руските власти


Парламентарното собрание на Советот на Европа вчера го усвои извештајот во кој се критикуваат руските власти, потенцирајќи ги ограничувањата на слободата на говорот, политичкото мешање во судството, и повеќе повреди на човековите права. По 2005 година, ова е прв извештај изработен од страна на ова тело што се однесува на Русија, која е членка на Советот на Европа од 1996 година.
Извештајот беше усвоен со големо мнозинство, но препораката дека Русија треба да остане под континуиран мониторинг до решавање на проблемите не помина, откако не успеа да го добие потребното двотретинско мнозинство.
XS
SM
MD
LG