Достапни линкови

Русија: НАТО да не бара изговор за интервенција во Сирија


Генади Гатилов

Генади Гатилов

Москва го предупреди НАТО и другите сили да не бараат изговор за воена интервенција во сирискиот крвав конфликт. Во интервју за Интерфакс, заменик-министерот за надворешни работи Генади Гатилов изјави дека Русија исто така е против хуманитарни коридори или тампон зони.
Неговиот коментар доаѓа во време на растечки тензии меѓу Дамаск и Анкара, по минофрлачките напади од Сирија кон Турција. Анкара се закани дека ќе одговори доколку тоа се случи повторно.
Гатилов повика на воздржаност меѓу НАТО-членката Турција и Сирија, каде што, како што рече, има се повеќе радикали во опозицијата.
XS
SM
MD
LG