Достапни линкови

Конгресмени бараат од Клинтон одговори за нападот во Бенгази


Американските законодавци побараа одговори од државниот секретар Хилари Клинтон во врска со извештаите дека американските дипломати во Либија барале, но не добиле, засилено обезбедување од администрацијата на Обама. Во нападот врз конзулатот на САД во либискиот град Бенгази на 11 септември загинаа 4 лица, меѓу кои и амбасадорот во оваа земја.
Претседателот на Комитетот на Претставничкиот Дом за надзор и реформи на владата, Дарел Иса, изјави дека неколку федерални официјални претставници потврдиле во Комитетот дека дипломатите во Либија барале засилување на безбедноста.
Клинтон изјави дека ќе одговори на барањата за повеќе информации и оти е подготвена "тесно" да соработува со Конгресот во истрагата за нападот во Бенгази.
XS
SM
MD
LG